За Ахмети случајот со Бектеши е политички прогон, што може да предизвика излегување на членовите и симпатизерите на ДУИ на улица.
„Тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани. Нема да се повлечеме додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, рече Ахмети.
Тој рече дека го цени чекорот на Арбен Таравари, за кој рече дека разбрал оти владата е антиалбанска. За соработката со Таравари, Ахмети вели дека оваа ситуација ќе биде преиспитана доколку тој ја напушти Владата.
„Ќе бидат повикани сите партии од фронтот и ќе се разгледа друга ситуација.
Секако, го цениме храбриот чекор на Таравари, кој многу рано сфати дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада. Стратегија во оваа насока сè уште не е изградена. Но, ова се прашања на Таравари. Тие не се прашања за ДУИ, ниту за Европскиот фронт, тие се внатрешни прашања што г-динот Таравари ќе ги насочува и управува“, рече меѓу другото Ахмети.
Тој најави дека ДУИ во текот на неделата ќе ги повика највисоките партиски тела и ќе одржи состанок.