четврток, 26 март 2026

17 инвестиции во ТИРЗ зоните, 5.000 нови работни места 

Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти што треба да креираат до 5.000 нови работни места. Во делот на извозот се очекува овие проекти да го зголемат за околу 2 % од БДП, поточно во вредност од околу 400 милиони долари дополнителен извоз на почетокот, што би достигнало до една милијарда евра. И тоа се инвестициите во ТИР зоните, посочи премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања, додавајќи дека инвестиции има и вон зоните.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски најави дека наскоро ќе почне да се гради ветерниот парк, инвестиција на компанијата Алказар, откако деновиве ќе го добие одобрението за градба.
„Очекувам само оваа година да имаме нови 150 милиони долари, бидејќи тоа не може да се случи за неколку месеци, изградбата ќе трае неколку години, а очекувам неговата целосна функционалност да биде на почетокот на 2028 година. Тој ќе влегува во мрежа постепено и во 2027 година, но неговата целосна, 100% сила ја очекувам на почетокот на 2029 година“, посочи Мицкоски.
Одговарајќи за инвестициите во енергетиката, Мицкоски се осврна и на проектот потпишан со компанијата АКСА за изградба на две, односно потенцијална трета когенеративна гасна централа, една во Скопје, една на половина пат меѓу Гостивар и Тетово, и една потенцијално кога ќе се донесе гас во Кичево и да се трансформира ТЕЦ Осломеј со тоа што покрај парна турбина, да има и гасна турбина, со што ќе се добие целосната физиономија.
„Таа физиономија е нова една милијарда долари инвестиција која ќе биде важна за граѓаните, но истовремено ќе значи и централно затоплување на делови на градот Скопје кои во моментот немаат таков тип на затоплување, што е многу важно затоа што ќе влијаеме и на животната средина, но и на друг тип на параметри. Во Скопје веќе се работи на инвестицијата. Општина Кисела Вода и градот Скопје заедно со Министерството за енергетика рударство и минерални суровини, веќе работат на овој проект заедно со ЕСМ. Се развива методологијата како треба да се заврши и цениме дека оваа година сите тие контури ќе бидат затворени и ќе почнеме со негова имплементација“, објасни премиерот Мицкоски на собраниска седница за пратенички прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ