„Изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште се единствено за кое преговараме од стратешки аспект. Планираме да ги градиме со парите од британскот заем“, рече Мицкоски и додаде дека инвестицијата ќе чини 1,2 – 1,3 милјарди евра.
„Убеден сум дека овие две хидроцентрали ни се потребни не само од аспект на производство на електрична енергија. Овое два нови резервоари за вода ќе ни бидат потребни со оглед на климатските промени. И тоа ќе биде голем предизвик во иднина. Убеден сум дека овие два резервоари и заедно со постојната Тиквеш, ќе обезбедат дополнителна количина вода за Тиквешко поле каде има многу земјоделци, овоштари, каде се користи организираниот систем за наводнување“, рече Мицкоски.
Ако се знае дека целиот овој мариовски предел е речиси ненаселен, двете акумулации, овој планински предел може да го претвори во нов туристички центар, смета премиерот.
„Тука веќе имаме заинтересирани приватни инвеститори да го опремат со придружни содржини целиот тој простор“, рече тој и додаде дека ова е стратешки проект, којшто нема да заврши во мандатот на оваа влада.






