сабота, 30 мај 2026

Прозборе асистентот што му го дал пиштолот на Болдвин: Шокиран сум

Објавено на

часот

Сподели

„Халина Хачинс не беше само една од најталентираните луѓе со кои сум работел, туку и моја пријателка“, рече Халс.

За улогата на Халс во несреќата на 21 октомври во Ново Мексико се шпекулира откако тој им рекол на инспекторите дека требало да го провери оружјето, но дека не го сторил тоа.

Болдвин пукаше со пиштол реквизит на снимањето на вестернот и ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, а го рани режисерот Џоел Суза. Тие биле погодени од пиштол со стартна муниција што се користи во филмската индустрија.

Халина Хачинс (42) беше евакуирана со хеликоптер во блиската болница каде што лекарите констатирале смрт.

Екипата работеше на снимањето на филмот „Раст“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ