Оваa средба во галеријата Остен, дијалог и размена на мислења нема намера да го воспева, да го воздигнува или пак да го глорификува Коста Солев. Ниту да го идеализира, ниту да прави мит од него. Организаторот на оваа средба само се обидува да го открие Коста Солев како човек од крв и месо, со сите негови страсти, со сé она што го прави хумано суштество, што го прави човек.

Ова е отворена средба која сака да открие некои ситни детали, погледнати од еден сосема друг агол, за тоа кој беше Коста Солев и зошто заврши така како што заврши. За човекот кој страсно љубеше и жестоко се бореше за поубав свет. За хуманистот со причина.
Книгата всушност е приказна за тоа колку малку го познаваме Коста Солев, колку малку знаеме за страсникот, за љубовникот, за поетот, за револуционерот.
И оваа книга на Пановски е самостојно издание.






