петок, 7 ноември 2025

Концерт на Националниот џез оркестар и Јелоуџакетс

Националниот џез оркестар на 6 ноември ќе настапи заедно со легендарниот американски состав, пионерите на џез-фјужн жанрот – Јелоуџакетс (𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀). Диригент на концертот ќе биде Боб Минцер (𝗕𝗼𝗯 𝗠𝗶𝗻𝘁𝘇𝗲𝗿), долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари.

Објавено на

часот

Сподели

Концертот ќе се одржи во 20 часот во Националната опера и балет.
Угледното списание 𝐽𝑎𝑧𝑧𝑇𝑖𝑚𝑒𝑠 за 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀 пишува како за „совршено запалив електро-акустичен состав, чии интелигентни, често предизвикувачки и непредвидливи композиции црпат инспирација од fusion, post-bop и современиот џез.“

Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, Yellowjackets се етаблираат како еден од најзначајните и најпочитуваните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две престижни Греми награди и безброј распродадени концерти ширум светот, Yellowjackets оставија зад себе музичко наследство што постојано се обновува и инспирира нови генерации музичари и љубители на џезот.
На сцената ќе ги видиме 𝗬𝗲𝗹𝗹𝗼𝘄𝗷𝗮𝗰𝗸𝗲𝘁𝘀 во нивниот актуелен состав: 𝘙𝘶𝘴𝘴𝘦𝘭𝘭 𝘍𝘦𝘳𝘳𝘢𝘯𝘵𝘦
(клавијатури и пијано), 𝘉𝘰𝘣 𝘔𝘪𝘯𝘵𝘻𝘦𝘳 (саксофон), 𝘋𝘢𝘯𝘦 𝘈𝘭𝘥𝘦𝘳𝘴𝘰𝘯 (бас) и 𝘞𝘪𝘭𝘭 𝘒𝘦𝘯𝘯𝘦𝘥𝘺
(тапани).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ