Првото издание на романот „Бунар” кај нас е објавено во 2001 година, ја доби потоа наградата Роман на годината на Утрински весник и доживеа повеќе изданија во земјата и во странство.
Минатата година, исто така во Софија, беше објавен романот „Круг“ на Башевски.
Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски”.






