петок, 22 мај 2026
Драган Даниловски

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Нoва зграда или нов систем?

На последната конференција за медиумите, новиот министер за здравство ја потврди заложбата на Владата за изградба на нов Клинички центар. На прв поглед – благородна иницијатива. Воопшто не е спорно дека постојните клинички објекти се недостојни за 21 век. Но, дали изградбата на нов Клинички центар е приоритет?
Ако 70–80% од сите случаи што сега се третираат во терцијарното ниво, (можат да) се решаваат во општите болници (секундарно ниво), тогаш, Клиничкиот центар ќе може да се посвети на она што е негова вистинска функција – третман на најсложените, високоризични пациенти. И само на нив.
За тоа да се постигне, примарната здравствена заштита (ПЗЗ) и секундарната болничка заштита мора да добијат целосна функционалност. Без воспоставување на систем на филтрација преку ПЗЗ и секундарното ниво, ниту еден објект – ни стар, ни нов – нема да биде доволен.
Дури со воспоставување на функционален „gatekeeping“ („чување на портите“ – кон терцијарното ниво), врз основа на „прочистен“ прилив на „терцијарни“ случаи, ќе може да се процени со колкав капацитет треба да биде новиот Клинички центар.
Тоа е класичен принцип на рационално здравство.
Драган Даниловски

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Прва конференција за транзиција од фосилни горива

Радован М. Спиридонов

Републиката загубена во превод

Александар Иванов

Архитектура на балканската трагедија: Туѓи наративи, киднапирани институции и единствениот излез

Братислав Димитров

Не паркирај, бушам гуми

Ѓoрѓи Илиевски

Обесправени студенти на Филозофскиoт факултет

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ