понеделник, 9 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

Златна Буба Мара на популарноста по 27-ми пат

Заврши и 27-то издание на Златна Бубамара на популарноста е зад нас. Драган Мијалковски ја одбележа манифестацијата. Македонската легенда е 60 години на сцената и ја крена „Борис Трајковски“ на нозе. Немаше кој не му аплаудираше. Сценариото беше проплетено со директни асоцијации за проблемите со вадењето на новите документи. И годинава Златна Буба Мара не потсети дека премногу сме опседнати со политиката, а забораваме на убавите нешта - музиката, спортот, театарот, филмот... Одлични беа и Атанас и Тино кои на шеговит начин ни доловија колку Македонците се опседнати со Инстаграм. Овации добија и Владо Јаневски, Жељко Самарџиќ, Игор Џамбазов, Рамбо Амадеус... Наградата за трајни музички вредности ја доби вечниот боем Нино Величковски. Тој ја почести публиката со изведба на неговиот најголем хит „Свирете ми тамбури“. Награди за трајни музички вредности доби лекарот, текстописец и автор на радио емисии, проф. д-р Миодраг Врчаковски. Постхумно награда за животно дело беше доделена за неповторливиот автор, Кире Костов. За најдобар спортист на годината беше прогласен Иџе Стефановски. Награда за најдобар спортски успех во 2023 година заслужено ѝ припадна на Одбојкарската репрезентација на Македонија, а за најпопуларен спортист беше прогласен одбојкарот Никола Ѓоргиев, кој се обрати на видео бим, зашто моментално игра во Словенија. Награда за најдобар концерт доби Владо Јаневски. Игор Џамбазов му додели награда за животно дело на Драган Мијалковски. Театарските награди оваа година комплетно отидоа во Театар Комедија. Најпопуларен млад актер е Сергеј Димовски, актерка на годината е Наталија Теодосиева, најпопуларна претстава е „Ало, ало“ во режија на Синиша Евтимов. Награда за трајни вредности доби и најдобриот македонски ракометар, селектор и тренер на РК Алкалоид Кире Лазаров, кој имаше одличен и инспиративен говор, посветен на значењето на спортот за една земја како Македонија. Специјална награда доби и графичкиот дизајнер и типограф Ласко Џуроски, за своите кирилични фонтови, а особено за фонтот „Рацин“. Ласко е автор и на логото на Радио Буба Мара, кое веќе 30 години зрачи со убавина.
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Зимзоленд во Аеродром

НАЈНОВИ ВЕСТИ