сабота, 14 декември 2024

ГАЛЕРИЈА

На Галичка свадба се зедоа Стефана и Даријан (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шеесет и првото издание на Галичка свадба се одржа викендов во Галичник. Овогодишна невеста беше Стефана Димитрова, а зетот Даријан Кочоски. Свадбарските обичаи почнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Се пречекаа тапаните, свекрвиното оро, а членови на ансамблот „Танец“ го одиграа „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник. Обичаите (канење на мртвите, канење на кумот, бричење на зетот, гледањето низ прстен, пречекот на сватовите, земањето на невестата, дарувањето...) и обредните песни и ора се одржаа денеска, на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите. Претседателот на МЗ Галичник, Александар Костиќ, вели дека и по толку децении не спласнува интересот на младите да бидат дел од Галичката свадба. „Тоа е знак дека успеавме во нашата мисија да ги одржиме витални нашите обичаи и вредностите на традицијата која сме ја наследиле и ја пренесуваме на следните генерации“, рече Костиќ.Фото: Роберт Атанасовски
Фото:
Роберт Атанасовски

ОСТАНАТО ОД ГАЛЕРИЈА

Почна ски-сезоната во Маврово

НАЈНОВИ ВЕСТИ