ГАЛЕРИЈА
Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски по повод Божиќ
Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска по повод Христовото раѓање Божиќ се одржа Архиерејска златоустова литургија со која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.
На литургијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ Венко Филипче, поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов... По завршувањето на литургијата Сиљановска-Давкова со верниците сподели празнични желби за мир, радост и благосостојба во секој дом.
„Се надевам дека, како што архиепископот неколкупати напомена, ѕвездата од Витлеем нè води и дека најдоброто во нас ќе го разбуди овој ден. Посакувам вечен да е!“, порача претседателката Сиљановска-Давкова во изјавата во Соборниот храм.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека очекува година во која ќе има напредок и прогрес на секој план. Тој на граѓаните им посака пред сѐ здравје, затоа што, како што посочи, здравјето е најважно. „Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес на секој план. Тоа го посакувам и за тоа како Влада во годината што следи, ќе работиме“, потенцираше македонскиот премиер.
Фото:
Роберт Атанасовски