Според пријавеното, лицето се претставило дека работи со хуманитарни организации од Косово и Албанија и дека за нејзино лекување биле обезбедени 7.000 евра, но за да ги добие требало да уплати 380 евра преку брз трансфер на пари. Како што е пријавено, таа позајмила пари и му ги пуштила, но веќе наредниот ден не одговарал на нејзините повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





