Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од Семениште излетало од патот и се превртело. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката В.М. која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што подоцна дежурниот лекар констатирал смрт. Телесни повреди добиле сопатничките А.М. (21), А.М. (21) и Р.М. (24), сите од Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.