„Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишиле од слобода А.М. и А.М., на возраст од 24 и 23 години, двајцата од неготинското село Криволак. Тие биле фатени при обид да извршат кражба во правен субјект во близина на неготинското село Пепелиште“, појаснуваат од СВР – Велес.
Кај нив биле пронајдени и одземени предмети со што се обиделе да го извршат делото.
Лицата биле приведени во полициска станица. По документирање на настанот, од СВР – Велес додаваат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.