Како што стои во соопштението на МВР, кај лицето Љ.О.(52) покрај 145 стебла од растението канабис сатива, биле пронајдени и одземени повеќе предмети со марихуана, семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение.
„На 30.05.2025 година во 13.30 часот, во селото Белчишта, општина Дебарца, лишен од слобода е Љ.О.(52) од истото село кај кого, при претрес извршен по Судска наредба, полициските службеници од Криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа 145 стебла од растението канабис сатива, повеќе предмети со марихуана и семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение, метален грендер со остатоци од Марихуана и други предмети“, стои во соопштението на МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.