Несреќата се случила околу 22 часот на крстосница на бул. „Јане Сандански“ со сервисни улици, во близина на маркет.
Учествувале мотоцикл „хонда“, управуван од Д.А.(24) од Скопје и автомобил „ауди А3“, управувано од Д.В.Д.(20) од Холандија и сопатник С.З.(20) од Холандија, и двете со скопски регистарски ознаки.
„На местото на незгодата починал мотоциклистот, а смрт констатирала екипа од Итната медицинска помош. Д.В.Д. и С.З. се здобиле со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” и во Градска општа болница „Св.Наум Охридски”, информира МВР.






