Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против две лица од Радовиш, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 1 јануари на автопатот „Пријателство“, првопријавениот со патничко возило „фолксваген пасат“, во кое второпријавениот бил совозач, превезувал три лица мигранти.





