Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 131 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 11 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 20 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 санкции за управување без возачка дозвола.
Исто така, изречени се шест санкции за користење мобилен телефон при управување возило, 40 санкции за непрописно паркирање.






