понеделник, 17 ноември 2025

Зеленски втор ден по ред разговарал со Трамп: „Слушаме дека Русите се плашат од ракетите „томахавк““

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп по втор пат за два дена. Тој соопшти дека разговарале за зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина, отпорноста и капацитетите за ракетни напади со долг дострел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Разговаравме и за многу детали поврзани со енергетскиот сектор. Претседателот Трамп е добро информиран за сè што се случува. Се согласивме да го продолжиме нашиот дијалог и нашите тимови се подготвуваат“, објави Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Кремљ претходно денес објави дека Русија е длабоко загрижена за можноста Соединетите Американски Држави да ѝ дадат на Украина ракети со долг дострел „томахавк“, предупредувајќи дека тоа би било огромна ескалација на конфликтот.

Трамп претходно кажа дека пред да се согласи да ги даде ракетите „томахавк“ би сакал да знае што планира Киев да прави со нив, бидејќи не сака да ја ескалира војната. Зеленски истакна дека Украина ќе ги користи ракетите исклучиво за остварување воени цели и нема да напаѓа цивили во Русија.

„Гледаме и слушаме дека Русија се плаши од можноста САД да ни испорачаат ракети „томахавк“. Ова е сигнал дека овој вид притисок може да биде ефикасен во постигнувањето мир“, оцени Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ