петок, 14 ноември 2025

Зеленски: Спремен сум да одам на преговори, но нема да ја повлечеме војската

Украина е подготвена за мировни преговори, но нема да ги повлече своите војници од дополнителни територии како што бара Москва, изјави денес претседателот Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во коментарите за новинарите објавени денес, Зеленски пораќа дека е подготвен да води разговори каде било освен во Русија или на територијата на нејзиниот близок сојузник Белорусија.

Плановите за самитот овој месец во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин се замрзнати откако Москва инсистираше на своите барања, вклучително и Украина да предаде дополнителна територија како предуслов за прекин на огнот.

Трамп го поддржа повикот на Украина за итно прекин на огнот врз основа на моменталните бојни линии.

„Апсолутно е јасно дека пристапуваме кон дипломатијата исклучиво од позицијата во која се наоѓаме сега. Нема да се повлечеме и да го напуштиме овој или оној дел од нашата земја“, кажа Зеленски.

„И важниот резултат е што американската страна конечно го направи тоа јавен сигнал: претседателот Трамп излезе со таква порака“.

Зеленски кажа дека е подготвен да присуствува на преговорите дури и ако тие се одржат во Унгарија, и покрај резервите поради некои од ставовите на премиерот Виктор Орбан, за кого рече дека „блокира сè за Украина“.

„Ако има резултати, тогаш одлично. Преговорите нека се одржат каде било“, кажа тој.

„Скоро и да не е важно, сè додека не се во Русија, се разбира, и дефинитивно не во Белорусија“.

Зеленски, исто така, ги повика американските пратеници да гласаат за построги ограничувања за Русија откако Трамп воведе санкции врз двете најголеми руски нафтени компании.

На Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години, исѕтакна Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ