недела, 16 ноември 2025

Зеленски го стави градот Одеса под воена управа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го стави пристанишниот град на Црно Море Одеса под воена власт поради конфликтот со неговиот градоначалник, пренесуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчера Зеленски му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од десет години со тврдење дека поседува руски пасош.

Труханов го негира ова и има намера да поднесе тужба против неговата одлука и да остане градоначалник.

Сепак, со губењето на државјанството, градскиот лидер автоматски е отстранет од функцијата бидејќи на украинските функционери не им е дозволено да имаат двојно државјанство, а му се заканува и депортација.

„Премногу безбедносни прашања во Одеса предолго се нерешени“, кажа вчера Зеленски, без да даде детали.

Труханов, кој постојано ја обвинува Русија за бројни напади врз Одеса, е градоначалник на стратегиски важниот пристанишен град со повеќе од еден милион жители од 2014 година. Минатата недела Зеленски ги обвини „локалните лидери“ на Одеса дека не направиле доволно за да ги заштитат граѓаните од поплавата од минатиот месец во која загинаа десет лица.

Украинската разузнавачка служба СБУ објави дека има докази дека Труханов има важечки руски пасош и објави фотокопија од пасошот на Телеграм, но автентичноста не може да се потврди.

Со воспоставувањето на воена управа во Одеса, Зеленски ќе има подиректна контрола врз градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ