Захарова рече дека ако истрагата потврди траги за учество на Украина во убиството на Москалик, „тоа уште еднаш ќе ја покаже варварската природа на Киев“, пренесува ТАСС.
Заменик-началникот на Главната оперативна дирекција на Генералштабот, генерал-потполковник Јарослав Москалик, беше убиен денеска во експлозија во Балашиха во близина на Москва.
Автомобил Фолксваген голф експлодирал во предградието Балашиха откако во него била активирана импровизирана експлозивна направа, соопштија денеска руските власти.