понеделник, 11 мај 2026

Робот такси му ги „украде“ куферите: Возило на Вејмо отишло во друг град со багажот на патникот

Возењето со автономен роботски превоз Вејмо во Калифорнија се претворило во непријатно искуство за еден патник откако автомобилот му го однел багажот во друг град.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Ди Џин користел такси возило робот Вејмо за да се одвезе до аеродромот во Сан Хозе кон крајот на април.

Самоуправувачкиот „Јагуар И-Пејс“ го однел до неговата дестинација, но проблемот се појавил кога се обидел да го отвори багажникот за да ги земе куферите.

Како што тврди, копчето за отварање на багажникот не реагирало, неколку моменти подоцна автомобилот едноставно си заминал – заедно со неговиот багаж.

Патникот веднаш контактирал со службата за корисници, но му било кажано дека возилото не може да се врати и дека се движи кон депо во Сан Франциско.

Поради тоа тој морал да отпатува без своите работи.

Подоцна беше потврдено дека багажот е пронајден, но Вејмо првично одбил да плати за испораката до сопственикот, нудејќи му само бесплатен превоз до депото и назад.

По дополнителни жалби, компанијата конечно се согласила да го организира и да плати за враќањето на багажот.

Вејмо наведува дека корисниците можат да го отворат багажникот преку апликација или надворешно копче на возилото, но во овој случај системот очигледно не работел правилно.

Инцидентот повторно го отвори прашањето колку се подготвени автономните такси возила за секојдневна употреба без човечка помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ