Рамо до рамо со конкуренцијата од Швајцарија, Франција, Италија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД) и други земји производители во оваа индустрија, македонската компанија ги презентирала своите најсовремени решенија за одржување на урбаната хигиена.
Од „Грин машинс“ велат дека клиентите денес бараат возила со различни типови на погон — електрични, дизел и водородни — а македонскиот производител нуди комплетна палета на решенија.

Од компанијата потенцираат дека дури 98 проценти од производството на БРАКО и „Грин машинс“ се пласира надвор од државата, во повеќе од 60 земји низ светот. Последната голема испорака била реализирана во Саудиска Арабија, поточно во главниот град Ријад, каде биле испорачани 52 возила за одржување на урбаната хигиена.
„Грин машинс Македонија“ има свои компании-ќерки во Обединетото Кралство, Холандија и Соединетите Американски Држави (САД).
Изминатата недела Грин Машинс истовремено ги изложи своите машини на три светски настани, во Минхен, Германија, во Лас Вегас (САД) и во Ливерпул, Обединетото Кралство.







