петок, 14 ноември 2025

Вулин: Попрво ќе ја примите Турција во ЕУ, отколку што Србија ќе ја издаде Русија

Александар  Вулин, српскиот политичар кој во минатото вршеше низа важни државни функции, ги коментираше изјавите на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен дадени за време на нејзината посета на Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очекувам Европската Унија целосно да се согласи со политиката на Србија, вклучително и повлекувањето на признавањето на таканареченото Косово, како и итно повлекување на сите одлуки кои го кршат Дејтонскиот договор и ги намалуваат овластувањата на Република Српска.

Госпоѓо Фон дер Лаен, никој не нè праша дали сакаме да се впуштиме во авантурата за приклучување кон Европската Унија, но ви гарантирам дека ќе најдеме начин да ја прашаме Србија што мисли за продолжувањето на авантурата. И да не заборавам, попрво ќе ја прифатите Турција во Европската Унија отколку што Србија ќе ја издаде Русија“, порача Вулин.

Фон дер Лајен разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград. На заедничката прес-конференција таа кажа дека очекува Србија „да оди двојно побрзо на патот кон Европската Унија“.

„Нашите позиции се јасни и вклучуваат слобода, а не репресија, вклучувајќи го и правото на мирно собирање, партнерство, а не потчинување, дипломатија наместо агресија“, нагласи Фон дер Лајен, оценувајќи дека „сега е вистинскиот момент Србија да преземе чекори кон приклучувањето“.

„Вреди да се вложи тој напор бидејќи се приближувате кон целта. Потребно е да се забрзаат реформите во владеењето на правото, електронските медиуми, изборните закони и усогласувањето со надворешната политика на Европската Унија“, кажа таа, истакнувајќи дека овие реформи бараат упорност, трпение и учество на сите сегменти од општеството и политичкиот спектар.

Таа го поздрави напредокот во врска со ажурирањето на регистарот на гласачи и изборот на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми и го покани Вучиќ за еден месец во Брисел заедно да видат каков напредок е постигнат во преземените обврски.

„Ова е моментот да се зајакнат темелите на жива и ефективна демократија и ЕУ е подготвена да ве поддржи и да вложи секој потребен напор. Приклучувањето кон Унијата подразбира спроведување реформи што го вклучуваат целото општество и градат силна демократија“, кажа Фон дер Лајен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ