сабота, 18 април 2026

Заштитата со Астразенека е висока ако втората доза се прими и по 10 месеци

Објавено на

часот

Сподели

Имунолошкиот одговор е подеднакво силен, а во некои случаи и подобар ако периодот меѓу првата и втората доза изнесува 45 недели, во однос на стандардниот интервал, според научниците на Универзитетот Оксфорд, кој ја разви вакцината со британско-шведската фармацевтска компанија.

„Одговорот на втората доза е одличен, дури и 10 месеци по првата“, кажа професорот Андрју Полард, лидер на истражувањето на вакцината. Истражувањето сè уште не е рецензирано.

Научниците го следеле и ефектот на трета доза на вакцината на Астразенека примена најмалку шест месеци по втората.

Забележале значително посилен имунолошки одговор и подобра заштита од соевите на коронавирусот кои циркулираат во овој момент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ