среда, 15 април 2026

Загреб: од стан на бивш министер извлечен базен (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Базенот бил монтиран на горниот кат на двокатен стан од над 500 квадратни метри, а поради неговата тежина и големина, минатата сабота бил извлечен низ покривот на зградата со кран, објави Јутарњи лист.

Поради тоа улицата Далматинска во Загреб била блокирана со часови, а огромниот базен од пластика и метал бил поставен на голем камион со кран и однесен во непознат правец.

Новинарите на Јутарњи лист од соседите дознале дека покривот со месеци пред тоа бил подготвуван за деликатната операција на извлекување.

Според соседите со кои разговарале новинарите на загрепскиот весник, причината за преместување на базенот е тоа што бил оштетен. Тие покажале и дамки на фасадата на зградата, токму таму каде што стоел базенот, од кој очигледно истекло поголемо количество вода. Зградата е стара повеќе од сто години, а по двата земјотреси во една година, водата од базенот дополнително ја оштетила.

Патем, станува збор за типот „Бесконечен базен“, кој симулира пливање и тоа така што млазниците од едната страна ја фрлаат водата кон пливачот за тој да може да плива во место. Неговите цени се движат од 12.000 евра до 35.000 евра, вели Јутарњи лист.

Хрвоје Војковиќ е поранешен шеф на Кроација осигурување и бивш хрватски министер за економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ