четврток, 23 април 2026

За првпат во историјата: чад од пожарите во Сибир стигна до Северниот пол (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека нејзините сателити снимиле димни облаци кои минале повеќе од 3.000 километри од сибирската област Јакутија до Северниот пол.

Го нарече ова настан „за првпат забележан во историјата“ и додаде дека од 6 август поголемиот дел од Русија е покриен со чад.

Јакутија, најголемата сибирска област, до неодамна се сметаше за најстудениот регион во Русија.

Регионот сега е најтешко погоден од шумски пожари и бележи рекордни температури и суша.

Рускиот метеоролошки институт Росгидромет соопшти дека ситуацијата во регионот „продолжува да се влошува“ и дека горат до 3,4 милиони хектари шума.

[video:https://youtu.be/skw5OpdK1NQ autoplay:0]

Сибир во последните неколку години често е зафатен со пожари, додека годинешната штета, според податоците на руската шумска агенција, изнесува 14 милиони хектари.

Овој пожар е вториот најголем во последните 20 години.

Еколозите ја обвинуваат власта која донесе закон да не се интервенира доколку трошоците за гасење се поголеми од настанатата штета, или ако пожарот не загрозува населени области.

Тврдат дека причина за пожарите се климатските промени, но и недоволно финансираната шумарска служба.

Климатските експерти на Обединетите нации во понеделникот објавија извештај кој недвосмислено покажува дека глобалното загревање се одвива многу побрзо отколку што се предвидувало и дека човештвото е главниот виновник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ