среда, 15 април 2026

Вучиќ: Ќе ги анализираме сите одлуки на црногорскиот парламент, без избрзани решенија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ порача дека притисоците врз Србија околу Косово се очекувани, како и дека за одлуката на црногорскиот парламент уште ќе се расправа и дека Србија секогаш ќе се залага за интересите на српскиот народ во Црна Гора.

„Му порачувам на нашиот народ кој живее во Црна Гора дека сме со нив. Наше е да ја држиме главата кренато, да се бориме и да го градиме мирот. Да живее Србија и српскиот народ“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој се осврна на одлуката на црногорскиот парламент да усвои резолуција за геноцид во Сребреница.

„Почитувани граѓани на Србија и српски народ. Во претходните денови и недели бевме изложени на големи притисоци. Ги очекувавме од сите оние кои учествуваа во обидот за создавање на таканаречено независно Косово, и од сите оние на кои не им паѓа лесно фактот дека Србија напредува најбрзо во својата историја. Ги очекувавме од сите оние кои токму затоа сакаат Србија да ослаби, но не ги очекувавме од оние кои секогаш ни биле најблиски“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека неговата порака до српскиот народ, каде и да живее, е дека „мора да ги издржи нападите и притисоците“.

„Не се наши ни срамот ни вината, само треба да ја држиме главата крената високо, да работиме што е можно повеќе, и да се бориме уште посилно. Да се бориме за својата Србија и сите наши граѓани, никого да не навредуваме и никому да не му го правиме она што нам ни го прават“, додаде Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ