Ахмад Масуд повика на формирање влада за национално единство, која ќе управува со земјата со учество на талибанците, предупредувајќи дека војната ќе биде неизбежна доколку талибанците одбијат дијалог, објави Ал Арабија.
Масуд рече дека владините сили што се против талибанците се собрале во неговото упориште, долината Панџшир.
Во напис објавен во Вашингтон пост во четвртокот, Масуд повика на поддршка од Западот.






