среда, 6 мај 2026

Во САД потврден првиот случај на варијантата омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Како што јавува Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименувани извори од американската влада, со омикрон е заразено лице во сојузната држава Калифорнија.

Владата на американскиот претседател Џо Бајден на крајот на ноември воведе рестрикции за патниците кои доаѓаат од југот на Африка, каде омикрон првпат беше идентификуван. Во таа држава забрзано се шири, а низа случаи се забележани и во околните земји.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) презема чекори за дополнително да ги заостри правилата за тестирање на патниците кои доаѓаат од странство. Тоа вклучува тестирање на сите патници во период од најмногу 24 часа пред качувањето на лет за САД, независно дали се вакцинирани или не. ЦДЦ размислува за задолжително вакцинирање по пристигнувањето во САД, наведува АП.

Властите признаваат дека таквите мерки само купуваат време додека научниците да утврдат дали омикрон е позаразен од делта варијантата, која во моментот е најдоминантна во светот. Научниците ги интересира и какви симптоми предизвикува омикрон. Сите информации би требало да бидат познати во рок од две недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ