„Вкупно се дадени 1,01 милијарди дози вакцини“, наведе кинеското министерство.
Меѓутоа, не е соопштен процентот на населението во Кина кој ги добил двете дози на вакцината.
Кинеските власти се надеваат дека до крајот на годината 70 отсто од населението ќе ги примат двете дози од вакцините, а тоа е околу милијарда луѓе.
Во Кина се достапни четири вакцини против ковид-19 од домашно производство.






