сабота, 18 април 2026

Во Канада измерени 49,5 степени, десетици починати поради топлинскиот бран

Објавено на

часот

Сподели

Во областа Ванкувер полицијата регистрирала повеќе од 130 ненадејни смртни случаи од петокот, 25 јуни. Повеќето биле постари лица или имале здравствени проблеми, а топлината во многу случаи довела до влошување на нивната состојба.

Канада на 29 јуни го урна топлинскиот рекорд трет ден по ред со 49,5 Целзиусови степени во Литон, Британска Колумбија.

Американскиот северозапад исто забележа рекордни нивоа на температури, и низа смртни случаи.

Експертите велат дека се очекува климатските промени да ја зголемат зачестеноста на екстремните временски прилики, како жештините. Меѓутоа, поврзувањето на кој било поединечен настан со глобалното загревање е комплицирано, пишува Би-би-си.

„Неопходно е меѓусебно да се проверуваме за време на овие екстремни жештини. Никогаш вакво нешто не сме доживеале. За жал, починаа десетици луѓе“, кажа Мајк Каланџ, портпаролот на полицијата на Ванкувер.

Во Литон во понеделникот се измерени рекордни 47,9 Целзиусови степени, објави локалната метеоролошка служба на Твитер.

Во бројни подрачја во Северна Америка, вклучувајќи ја сојузната држава Орегон на западот на САД, се забележани рекордни локални температури над 40 Целзиусови степени за време на неодамнешниот топлотен бран.

„Продолжениот, опасен и незабележан бран жештина ќе продолжи цела недела и ќе биде сè полош“, предупреди агенцијата Енвајронмент Канада.

„Потопло е во делови на западот на Канада отколку во Дубаи“, кажа Дејвид Филипс, главниот климатолог на агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ