За време на инцидентот во Урмија на северозападот на Иран возачот гласно се жалел на изборот на облека на жените, тврдејќи дека не е по исламските правила, пренесува новинската агенција Илна.
Дошло до судир и тој наводно налетал на нив со автомобил и ги прегазил.
Жените добиле тешки повреди, но повеќе не се во животна опасност, јави Илна.
Возачот наводно се обидел да избега од местото на настанот, но подоцна бил уапсен.
Властите го осудија нападот и кажаа дека нема да одобруваат земање на правдата во свои раце.
Масумех Ебтекар, потпретседателка за правата на жените во Иран, го нарече нападот обид за убиство и побара построга казна.
Од Исламската револуција во Иран во 1979 година девојчињата од деветтата година на животот мора да се облекуваат во согласност со исламскиот закон.
Меѓутоа, 42 години подоцна, тие правила повеќе не се популарни кај повеќето жени. Во големите градови сè почесто може да се видат жени кои не носат хиџаб.
Законот за хиџаб станува сè поконтроверзен. Полицијата и правосудните власти велат дека е невозможно тој да се спроведува бидејќи тоа би значело стотици апсења дневно.
Истовремено поголемиот дел од населението верува дека неносењето хиџаб ќе доведе до уривање на моралот во земјата. Повремено избиваат протести за спроведување на тој закон, а некогаш завршуваат со насилство.






