вторник, 5 мај 2026

Висока циркулација на вирусот меѓу учениците во Белгија

Објавено на

часот

Сподели

„Главна цел на оваа мерка е училиштата да останат отворени колку што може подолго“, порачуваат од Министерството за образование.

Во Белгија, која се наоѓа во вонредна епидемиолошка состојба и е во четврти степен на тревога врз основа на ковид-барометарот, носењето маски повторно стана задолжително за учениците од последните две години основно образование во училиштата на фламански јазик, додека маските нема да се воведуваат за постарите ученици од 12 до 15 години, кои во најголем број веќе се вакцинирани.

Откако во карантин завршија 28 илјади ученици, во училиштата на фламански јазик се донесени нови правила, така што отсега се тестираат само децата помлади од 12 години, а цели одделенија ќе одат во карантин само ако за време од една недела се појават четири инфицирани во едно одделение.

Истовремено, во средните училишта во кои се зборува на француски јазик маските за лице повторно се задолжителни кога учениците седат, додека во јаслите и во основните училишта во кои се зборува на француски јазик децата нема да мораат да носат маски за лице, но наставниците ќе мораат да ги носат цело време.

Во периодот од 20 септември до 8 октомври 2021 година повеќе од четвртина ученици (26,6 отсто) во основното образование имаа антитела против коронавирусот што укажува на висока циркулација на вирусот, особено по летниот распуст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ