Њујорк тајмс прв објави дека САД се подготвени за тајни операции што ЦИА ќе ги спроведе во Венецуела. Самиот американски претседател брзо ги потврди овие тврдења.
„Давам зелено светло за овие операции“, рече Доналд Трамп, кој додаде дека така сака да спречи големи количини дрога да пристигнат од Венецуела во САД, но и дека јужноамериканската земја ослободува голем број затвореници, вклучително и лица од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.
Венецуела објави дека ваквите изјави претставуваат кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвуваат жалба.
Венецуела исто така додаде дека сите акции на САД се насочени кон соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел да ги запленат нивните нафтени ресурси.






