„Поднесовме пријава за учество во сертификацијата на операторот на Северен тек 2“, кажа Витренко на брифинг за новинарите, додавајќи дека компанијата аплицирала за да докаже дека овој гасовод не може да добие дозвола за работа.
Тој наведе дека „главниот став на Нафтогаз е дека Северен тек 2 не може да биде сертифициран бидејќи не е обезбедена негова целосна усогласеност со европското законодавство“, пренесува руската агенција ТАСС.
Витренко очекува пријавата на Нафтогаз за учество во постапката за сертификација да биде одобрена.
„Германија мора да ја вклучи Украина во процесот на сертификација“, кажа тој.






