Турските власти го уапсија членот на опозициска партија Метин Гурџан под обвинение дека учествувал во политичка и воена шпионажа, објави турската новинска агенција Анадолија.
Како резултат на сослушувањето, судот одлучил да го уапси Гурџан за наводното кривично дело.
Гурџан е пензиониран воен офицер и заедно со Али Бабаџан е основач на опозициската партија Демократија и напредок.
Тој има напишано критички написи за надворешната политика и одбраната на Турција. Тој е обвинет дека им продавал тајни информации на странски дипломати.
Тој на рочиштето ги негираше обвинувањата.






