среда, 6 мај 2026

Третата доза на Фајзер го намалува ризикот од зараза за дополнителни 80 проценти

Објавено на

часот

Сподели

„Проценивме дека ризикот од заразување е намален за дополнителни 83 до 87 проценти најмалку две недели по примањето на засилувачката доза“, потврдија истражувачите предводени од Даниел Вајнбергер од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил, според ЈАМА интернал медисин.

Си-ен-ен објави дека тимот на Јеил, преку здравствената служба Макаби во Израел, следел повеќе од 300.000 луѓе на возраст од 40 и повеќе години што примиле две или три дози од вакцината Фајзер/Бионтек.

Истражувачите откриле дека 6,6 отсто од луѓето што примиле две дози од вакцината и 1,8 отсто од оние што примиле три дози биле позитивни од август до почетокот на октомври, што претставува намалување на ризикот за 86 отсто.

„Делта-сојот на САРС-КоВ-2 беше доминантниот вид во Израел во текот на летото 2021 година (одговорен за повеќе од 99% од случаите) и предизвика рапидно растечки број случаи, голем дел кај вакцинирани лица. Националната кампања за вакцинација со трета доза (засилувачка) беше покрената во Израел на 1 август 2021 година“, напиша тимот.

„До 4 октомври 2021 година, повеќе од 3,6 милиони поединци добија засилувачка доза“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ