петок, 7 ноември 2025

Трамп тврди дека индискиот премиер се согласил да престане да купува руска нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека индискиот премиер, Нарендра Моди, се согласил да престане да купува руска нафта, додека САД се обидуваат да извршат економски притисок врз Кремљ за да ја прекинат војната во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што објави денес Би-би-си, Трамп им изјави на новинарите дека добил уверување од Моди дека Индија „за краток временски период“ ќе престане да купува руска нафта, што рече дека е „голем чекор“.

„Значи, не бев среќен со тоа што Индија купува нафта, а тој денес ме увери дека нема да купува нафта од Русија“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. „Тоа е голем чекор. Сега ќе ја натераме Кина да го стори истото.“

За време на своите коментари пред новинарите, Трамп додаде дека Индија не може „веднаш“ да ги запре испораките, нарекувајќи го тоа „процес“. „Но, тој процес наскоро ќе заврши“, рече тој.

Американскиот претседател се обиде да го искористи купувањето на руска нафта од страна на Индија во својата трговска војна, но Њу Делхи досега се спротивставуваше на тоа.

Одговарајќи на изјавите на Трамп, портпаролот на индиската влада рече дека разговорите се „во тек“ со американската администрација, која „изрази интерес за продлабочување на енергетската соработка со Индија“.

„Нашиот тековен приоритет е да ги заштитиме интересите на индискиот потрошувач во нестабилна енергетска ситуација. Нашите увозни политики се целосно водени од оваа цел“, рече портпаролот.

Нафтата и гасот се најголемите извозни производи на Русија, а меѓу најголемите клиенти на Москва се Кина, Индија и Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ