недела, 3 мај 2026

Трамп поднесе тужба против Конгресот: Нелегално го истражуваат упадот во Капитол

Објавено на

часот

Сподели

Трамп во тужбата поднесена во окружниот суд на САД за округот Колумбија навел дека материјалите кои ги бара одборот за избор од 6 јануари се опфатени со правната привилегија позната како извршна привилегија, а која ја штити доверливоста на комуникацијата меѓу функционерите на Белата куќа.

Многу правни експерти, како што наведува Ројтерс, кажаа дека Трамп, како поранешен претседател, не може законски целосно да ја користи извршната привилегија која ќе ги блокира судските барања издадени од оборот на Претставничкиот дом.

Група поддржувачи на Трамп упаднаа во седиштето на Конгресот на 6 јануари 2020 година во неуспешна намера да ги спречат пратениците да ја потврдат победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори.

Претходно месецов Бајден ја овласти Националната архива владината агенција која ја води евиденцијата за времето на Трамп на функција, да ја предаде почетната група документи побарани од одборот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ