недела, 9 ноември 2025

Трамп: Орбан е фантастичен. Знам дека многумина не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е „фантастичен“ лидер, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во египетското одморалиште Шарм ел Шеик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во видео објавено на Фејсбук страницата на премиерот, Трамп го пофали Орбан. „Тука ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Ти си фантастичен. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.

Орбан присуствуваше на потпишувањето на мировниот договор за Газа во Египет вчера, на покана на Трамп. Трамп додаде дека го поддржал Орбан на последните избори и „тој победи со 28 процентни поени“.

„Значи, следниот пат ќе поминеш уште подобро. Со вас сме сто посто“, му рече тој. Орбан во своја објава одговори. „Ви благодарам претседателе! Продолжуваме по патот на мирот!“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ