петок, 24 јули 2026
Време

Облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м²). Дневните температури ќе се движат од 17 до 27 Целзиусови степени. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 км/ч).

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 23 до 31 Целзиусов степен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ