Трамп особено го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, велејќи дека е пријател и дека има почит од рускиот претседател Владимир Путин.
„Одлично се сложувам со Ердоган. Добро ми оди со силните, не ми оди со слабите“, рече тој, додавајќи дека лидерите на НАТО често го замолуваат да разговара со Ердоган кога ќе се појават проблеми.
На прашањето кои се слабите лидери на состанокот во Израел и Египет, Трамп одговори: „Нема да ги именувам, но веројатно знаете кои се“.
На крајот кратко им истакна на новинарите: „Беше неверојатен ден. Се испиша историја“.






