Тој воедно предупреди и дека новиот бран на инфекции е неизбежен ако не бидат сите граѓани и законодавци дисциплинирани.
Бројот на нови случаи се зголеми за 10 проценти минатата недела како резултат на зголемување на бројот на интеракции, патувања, собири и олеснување на социјалните ограничувања, истакна Клуге, пренесува Ројтерс.
„Ситуацијата брзо се развива. Загрижува ширењето на делта варијантата на коронавирусот и фактот дека милиони граѓани сè уште не се вакцинирани и покрај огромните напори на земјите-членки. Ако не бидеме дисциплинирани, ќе се соочиме со нов бран на ковид-19“, рече Клуге.






