Петровиќ го привлече вниманието не само на српските, туку и на светските медиуми кои ја пренесоа неговата необична приказна.
Тој донел одлука животот да го помине во пештерите на Стара планина, бидејќи, како што вели, таму има целосна слобода и воопшто не се кае. Иако времето го минува далеку од цивилизацијата, сепак сакал да прими вакцина против ковид-19 и тогаш стана вистинска интернет сензација.
„Ја примив првата доза од вакцината, го очекувам повикот за втората доза. Не се мислев многу, се вакцинираа сите мои пријатели, другари, и апелирам до сите да се вакцинираат, бидејќи особено ние од селата сме загрозени. Короната лесно може од градот да дојде во селото, шумата, насекаде има луѓе“, кажа Петровиќ.
[video:https://youtu.be/5LuECsf_Z1w autoplay:0]За неговата необична приказна слушнал милијардерот и сопственик на компанијата Тесла Илон Маск.
?Serbian Cave Hermit
Elon Musk posts Moon each time !!
It is now time for Serbian Cave Hermit – Elon’s children to awaken with a proven Dev and Marketing team behind this project!!https://t.co/tpTY99PVTJ
— Crypto-Krad (@CryptoKrad) August 14, 2021
Тој на својот профил на Твитер ја сподели приказната на светските медиуми за Панта Петровиќ, и наведе дека „српскиот пештерски самотник се вакцинираше и ги повика другите да го следат неговиот пример“.
Маск на тоа шеговито одговори со коментарот: „Дури и српскиот пештерски самотник се согласува…“, веријатно мислејќи на важноста на вакцинацијата против вирусот.
Петровиќ, како што пишуваат српските портали, во својот крај е познат како врвен мајстор и, како што самиот истакнува, миленик на жените.
„На свој трошок направив три моста, еден во градот, еден тука во кањонот на Градашничка река и еден кај водопадот кон Књажевац. Најголемиот мост што сум го направил е долг 20 метри и тежок пет тони. Сите три моста ги подарив на сограѓаните на користење. Направив и гондола – „Гнездото на Панта“, каде уживам во пеењето на птиците, шумот на реката. Гондолата е на висина од околу 40 метри“, раскажа тој.






