четврток, 23 април 2026

Србија преговара со Кипар за купување 11 борбени хеликоптери

Објавено на

часот

Сподели

Министерствата за одбрана на двете земји, според порталот, наводно преговараат за купопродажба на 11 десантно-јуришни хеликоптери Ми-35П, како и опрема и вооружување.

Политис наведува дека советот на министри на Кипар дал зелено светло за овие преговори кои, како што се тврди, почнале на почетокот на годината.

Сајтот наведува дека српската делегација престојувала на Кипар на 12 април и дека тим српски техничари ја посетиле воената база „Андреас Папандреу“ и ги прегледале хеликоптерите.

Кипарското министерство за одбрана проценило дека враќањето на леталата во полна оперативна состојба, пред сè во поглед на техничката исправност и одржувањето, во следните 10 години земјата би ја чинело околу 100 милиони евра.

Кипар долгорочно планира да купи 12 нови јуришни хеликоптери за 300 милиони евра.

Хеликоптерите од „П“ верзијата кои би ѝ се продале на Србија имаат речиси идентично вооружување како поновата „М“ верзија, од која Србија има четири летала. Српската „М“ верзија е понова од кипарските хеликоптери и опремена е со технологија за ноќно летање.

Танго сикс пишува и дека Кипар во 2018 година беше приморан поради санкциите кон Русија да ја приземји својата флота од 12 хеликоптери Ми-35 (еден беше изгубен во несреќа).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ