среда, 6 мај 2026

Сопругата на мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо осудена на три години затвор

Објавено на

часот

Сподели

Казната е помала од четирите години кои ги бараа обвинителите, а судијата Рудолф Контрерас кажа дека таа била млада тинејџерка кога се венчала за кралот на дрогата и дека соработувала по апсењето во февруари 2021 година.

Таа призна дека му помагала на својот сопруг во управувањето со неговата криминална империја вредна повеќе милијарди долари.

Ема Коронел Аиспуро беше уапсена во февруари.

Мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо беше прогласен за виновен за водење на криминална организација која шверцуваше тони дрога во Соединетите Американски Држави поради што беше осуден на доживотен затвор во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ