недела, 3 мај 2026

Со водени топови и солзавец на демонстрантите против ковид-пропусниците во Трст (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Градот на североистокот на земјата е жариште на италијанските протести против воведувањето на новите правила минатиот петок, од кога сите работници мора да имаат потврда за вакцинација, негативен тест за коронавирусот или потврда дека неодамна оздравеле од инфекцијата.

Полицијата под полна интервентна опрема дејствуваше откако неколку стотици пристанишни работници го оневозможија пристапот до еден од главните влезови во најголемото италијанско трговско пристаниште.

Толпата беше потисната со помош на водени топови, по што беше употребен и солзавец. Многумина тргнаа кон главниот градски плоштад за да го продолжат протестот пред канцелариите на владата.

„Нè нападнаа. Јас сум без зборови. Никогаш не би го очекувал тоа. Ќе останеме тука да седиме. Ние сме мирни. Нема да се предадеме“, кажа Стефано Пуцер, портпаролот на пристанишните демонстранти.

Владата тврди дека задолжителните потврди се потребни за да се заштитат работници и да се поттикнат другите на вакцинација. Според правилото, кое е на сила до крајот на годината, работниците ќе бидат суспендирани без плата и соочени со казна до 1.500 евра ако се обидат да работат без пропусница.

Повеќето Италијанци ја поддржуваат таа одлука, покажуваат истражувањата на јавното мислење, но гласното малцинство тврди дека таа ги крши работничките права.

Околу 15 отсто во приватниот сектор и осум отсто во јавниот нема таканаречена зелена пропусница.

Меѓутоа, Пуцер тврди дека 40 отсто од пристанишните работници не се вакцинирани.

Антиваксерското движење е посилно во Трст отколку во другите делови на Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ