Група истражители кои го водат случај одлучиле дека станува збор за убиство, иако сè уште не ја завршиле истрагата.
Четворицата членови на руско семејство беа најдени мртви во петокот во спа центар во хотел, кога еден вработен отишол да им ја однесе нарачката.
Сергеј Буренков (60) и неговата сопруга Наталија Буренкова (58) од Москва биле на одмор со ќерката Катја (31) и нејзиниот партнер Никита Белусов (37).
Важен дел од доказите е сведочење на работникот кој го чистел базенот во петокот наутро за да го подготви за туристите.
Нивните безживотни тела беа најдени во сауната на хотелот, а се претпоставува дека причина за смртта е задушување.
Полицијата истражува дали имало дефект во вентилацискиот систем.






